Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во Министерството ги прими претставниците на Факултетот за безбедност, предводени од деканот д-р Никола Дујовски. На средбата се разговараше за можностите за унапредување на соработката помеѓу двете институции преку заеднички научно – истражувачки проекти од областа на безбедноста и одбраната, кои се од националнo значење. За министерството добредојдена е експертизата од членовите на академската заедница со цел забрзување на реформските процеси во одбранбено-безбедносниот систем.
Министерството за одбрана и Факултетот за безбедност имаат повеќе децениска соработка, која во следниот период дополнително ќе се интензивира.