Јогата претставува древна физичка, ментална и духовна пракса која потекнува од Индија. Зборот „јога“ потекнува од Санскритскиот јазик и значи да се придружи или да се обедини, симболизирајќи го здружувањето на телото и свеста.
На 11 декември 2014 година, Обединетите нации со резолуцијата 69/131 го прогласија 21 јуни како Меѓународен ден на јогата. Денот има за цел да ја подигне свеста низ целиот свет за многуте придобивки од вежбањето јога.
Денес јогата се практикува во различни форми низ целиот свет и продолжува да станува популарна.
Темата за оваа година е „Јога за здравје“, а го истакнува фактот дека јогата може да придонесе за постигнување на рамнотежа помеѓу умот и телото. Се верува дека овој пристап кон здравјето и благосостојбата може да даде директен и корисен придонес за потрагата на човештвото, за да се постигне одржлив развој и да се приближи кон животните стилови кои се во хармонија со природата.
WebOhrid