Премиерот Заев на брифингот во Софија: Отворивме перспективи, имаме силен партнер за ЕУ и НАТО

Во рамки на официјалната работа посета на Република Бугарија, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, одржа брифинг со новинарите.

Премиерот Заев истакна дека Република Македонија и Република Бугарија со средбите на највисоко ниво, со премиерот Бојко Борисов и со претставници на владино и државно ниво во Софија, двете земји отвораат „ново златно поглавје” во меѓусебната соработка.

„Споделувањето заеднички културни вредности е само придобивка, и соработката меѓу Македонија и Бугарија ќе покаже како се унапредуваат добрососедски односи и се отвораат евро-атлантски перспективи и за Република Македонија, но и за регионот“, изјави на новинарскиот брифинг премиерот Заев, што помина со огромен медиумски интерес.