Средба на министерот Спасовски со амбасадорката на Босна и Херцеговина

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со амбасадорката на Босна и Херцеговина Н.Е. Лепа Бабиќ.

На средбата беше потенцирана добрата соработка меѓу двете земји и беше договорено да се забрза постапката за потпишување на договорот за взаемно признавање на возачките дозволи. Министерот Спасовски и амбасадорката Бабиќ разговараа и за можноста за забрзување на постапката за потпишување на договор меѓу двете земји за минување на границата со лични карти.

Амбасадорката Бабиќ на денешната средба му врачи покана на министерот Спасовски за посета на Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина во втората половина на јули.