Жител од гостиварско Дебреште крадел низ Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторени 12 казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Џ.И. (23) од гостиварското село Дебреште. Пријавениот, казнените дела ги сторил во текот на мај оваа година на подрачјето на Охрид.

Користејќи подесен алат и прибор, но и физичка сила, Џ.И. успевал да влезе во менувачници, агенции за недвижности, земјоделски аптеки, во канцелариите на наплатните служби од Јавните претпријатија „Проаква“ и „Нискоградба“, во самопослуги, сувенирници, работилници и фризерски салони.

Со извршувањето на казнените дела „тешка кражба“, пријавениот се стекнал со вкупна противправна имотна корист од 40.900,оо денари и 2600 евра.