Во Охрид во периодот од 23 – 27 јуни, ќе се одржи фестивалот „Словенија во Охрид 2017“.
Свеченото отворање на Фестивалот „Словенија во Охрид 2017 година“ ќе биде на 24.06.2017 година во 20 часот на летната сцена на Долни Сарај – Охрид. На отварањето ќе присуствува и свое обраќање ќе има Амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија Милан Јанзбец. Во 22 часот на сцената на Долни Сарај концерт ќе одржат Зоран Предин со најпознатата словенечка група Лачни Франs.
Покрај тоа што ќе се изведуваат изведби на летната сцена на Долни Сарај, изведби ќе има и на повеќе локации низ градот Охрид за кои јавноста дополнително и навремено ќе биде информирана.
„Од аспект на културно зближување на Република Македонија и Република Словенија ги покануваме и повикуваме љубителите на културните манифестации да присуствуваат како на самото отворање така и на другите изведби на артистите и уметниците од Република Словенија.“ – истакнуваат од Здружението на граѓани „АРТ ВИВЕНДИ 2016“.
Фестивалот во градот Охрид се одржува по втор пат и преминува во една традиција во која меѓу другото се одбележува и денот на Република Словенија.