По повод Денот на Балканските Египќани , градоначалникот Никола Бакрачески упати честитка со искрени желби за соживот и мирољубива коегзистенција во сегашноста и иднината на локалната заедница.
„Почитувањето на различностите и надминувањето на етничките и културолошките препреки се основен предуслов за здраво мултиетничко општество. Соживотот низ вековите покажал и покажува дека само со меѓусебно разбирање се градат темелите на доверба и меѓусебно почитување како универзални вредности. Уверен сум дека овие пораки до Еѓипќаните ќе бидат прифатени во духот на мултикултурализмот и меѓуетничката интеграција“. – стои во честитката на градоначалникот Бакрачески до етничката заедница на Египќаните.