Честитка од министерката за одбрана Радмила Шекеринска по повод празникот Рамазан Бајрам.
„Почитувани граѓани на Република Македонија од исламска вероисповед,
Дозволете ми да ви го честитам празникот Рамазан Бајрамце и завршувањето на рамазанските пости.
Овој свет празник нека донесе душевен мир, трпение, разбирање и љубов. Нашата цел е да ги исползуваме различностите да нè направат посилни. Тоа е силата на Република Македонија.
Празникот ни овозможува да ја зацврстиме меѓусебната почит и со заеднички сили да изградиме Армија и одбрана достојна за сите. Овие институции ги градиме како гарант на нашата државност, слободата и независноста на нашата заедничка татковина.
Сите заедници во Република Македонија знаат меѓусебно да се почитуваат и знаат со заеднички сили да го чуваат она што за сите нас е најзначајно – слободата, сигурноста и демократијата. Тоа е единствениот пат кон заедничко, правично и просперитетно општество со еднакви можности и достоинствен живот за сите.
Убедена сум дека заедно ќе ги достигнеме сите цели, на патот кон вистинско демократско и просперитетно општество.“ – стои во честитката.