Продолжениот празничен викенд го исполни излетничкото место Корита

Топлото време и продолжениот празничен викенд за Рамазан Бајрам го наполнија градот Охрид со гости. Речиси полни плажи, гужва во чаршијата, но сепак многумина се одлучија викендов да го поминат и на излетничките места.

Љубителите на природата го искористија денот за прошетка во планина, правење скара со пријателите, но и ладење со чистата изворска вода на излетничкото место Корита, на планината Галичица.

This slideshow requires JavaScript.

WebOhrid