Утрово околу 10.00 часот лицето Ш.С.(48) од село Глумово со пиштол извршил убиство на три лица, додека едно лице е рането и е пренесено на лекување на скопските клиники. Сторителот пукал во три лица на ул.„П.Гиновски“. Од нив две починале, М.С. (33) и А.С. (20), двајцата од с.Глумово, додека третото лице, чиј што идентитет се уште е непознат, е рането и е пренесено на болничко лекување. После тоа, сторителот заминал во с.Глумово каде што пукал во лицето А.Б.С. (56) од с.Глумово, кое исто така починало. После тоа сторителот заминал од местото, а при обид да биде приведен од полициски службеници од единицата Алфа, тој извршил самоубиство. При вршење увид покрај него бил пронајден пиштол Астра А-80, кој е подигнат за вештачење.Според првичните информации од истрагата причина за немилиот настан се семејни недоразбирања. Сторителот, тројцата убиени и повреденото лице се членови на едно семејство.