Дел од екипите на ЈП „Охридски Комуналец” денес беа ангажирани на расчистување на просторот помеѓу училиштето „Св. Климент Охридски” во нас. Далјан и хотелот „Магнус”.
Иако не се работи за јавна површина, по барање на населението, од претпријатието излегоа во пресрет, каде што екипите темелно го расчистија просторот и собраа големи количини на разновиден отпад. Според информациите на месното население, на тој простор навечер се собирале луѓе кои вршеле топење на бакарни кабли, тука преспивале и кампирале.