Чистење кај училиштето „Св. Климент Охридски“ во нас. Далјан

Дел од екипите на ЈП „Охридски Комуналец” денес беа ангажирани на расчистување на просторот помеѓу училиштето „Св. Климент Охридски” во нас. Далјан и хотелот „Магнус”.

Иако не се работи за јавна површина, по барање на населението, од претпријатието излегоа во пресрет, каде што екипите темелно го расчистија просторот и собраа големи количини на разновиден отпад. Според информациите на месното население, на тој простор навечер се собирале луѓе кои вршеле топење на бакарни кабли, тука преспивале и кампирале.