Претставници на општинската администрација на општина Центар заедно со претставници на Одделението за превенција при СВР Скопје и УПС од ПС Центар, утре (29.06.) во 19.30 часот ќе одржат средба со граѓани кај детското игралиште во населбата Капиштец, спроти Заводот за вработување, а во врска со проектот – “Заедно до поубаво и безбедно маало“.
Практично со средбата отпочнуваат проектните активности од проектот “Заедно до поубаво и безбедно маало“, чија што цел е заштита на урбаната опрема од вандализам како и спречување на континуираното уништување на реквизитите на спортските и детските игралишта. Воедно, една од темите на средбата ќе биде и преземањето на превентивни активности од областа на превенција на имотните деликти кражби во куќи и станови во летниот период.
Намерата е преку едукативни и превентивни мерки, како и со дистрибуција на самолеплив плакат со назив на проектот да се подигне свеста кај граѓаните. Плакатот ќе се поставува по парковите во Општина Центар каде се застапени реквизитите-урбаната опрема, како и во влезовите на зградите, а исто така ќе се закажат и повеќе средби со граѓани на кои тие би имале можност да се запознаат и едуцираат околу содржината на проектот