Не стивнуваат земјотресите во Охрид. Во текот на изминатите 24 часа беа почувствувани над 10 земјотреси.
Интензитетот на повеќето земјотреси изнесуваше од 2.2 до 2.9 степени според Рихтер, додека пак најсилниот беше вечерва во 20:52 часот, чиј интензитет изнесуваше 3.3 степени според Рихтер на длабочина од 6 километри.
Епицентрите повторно се наоѓаат на 6 километри североисточно од Охрид, односно во близина на Косел.
WebOhrid