Општина Дебрца го направи својот избор и согласно тоа секогаш треба да се почитува волјата на жителите на Општина Дебрца. Впрочем тоа ми преставувало главно мото во изминативе 4.5 години, вели во известување до новинарите досегашниот градоначалник на Дебрца, Игор Трајкоски.
Трајкоски, на новиот градоначалник на Општина Дебрца, Зоран Ногачески му го честита мандатот и му посакува успех во реализацијата на проектите поврзани со Општина Дебрца.
„Напоменувам дека во мојот мандат општината имаше најголем прогрес па оттука се надевам дека и половичната негова реализација на она што го спроведовме додека бевме на власт ќе преставува успех. Транспарентноста била наша одлика па затоа известуваме дека ја предаваме општина Дебрца со позитивно салдо од 879.269.оо денари. Ваквиот домаќински пристап го очекуваме и од сега веќе градоначалникот Ногачески и напоменуваме дека видно ќе ги следиме сите негови дејанија поврзани со Општина Дебрца. Со многу успех.“– вели Трајкоски.