Премиерот на Република Италија, Паоло Џентилони, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ќе присуствува и ќе ја предводи владината делегацијата на Самитот на Европската унија за Западен Балкан, што се одржува во Трст (Италија) на 12-ти јули 2017 година.
Заинтересираните новинари, сниматели и фоторепортери за следење на активностите на владината делегација на Самитот, потребно е да се акредитираат (име и презиме, работна позиција, број на пасош, дата на раѓање и контакт телефон) во Секторот за односи со јавноста на Владата на Република Македонија на следната e-mail адреса: inf.sluzba@vlada.mk.
Краен рок за поднесување на акредитациите е сабота, 01 јули 2017 година, најдоцна до 11:00 часот.
Дополнително, на барање на Владата на Република Италија, новинарите задолжително ќе треба лично да се акредитираат за присуство на Самитот, овозможено преку следниот линк:
http://www.governo.it/articolo/vertice-dei-balcani-occidentali-trieste/7666
Нагласуваме дека трошоците за патувањето и сместувањето се на товар на медиумот.
Во функција на навремено извршување на резервациите за патувањето и престојот во Република Италија, Ве информираме дека работниот дел започнува на 12-ти јули 2017 година со почеток во 09.00 часот (економски бизнис форум на којшто учествуваат министри за економија или вицепремиери за економски прашања) а завршува во 21:00 часот.
Детална агенда со сите потребни информации медиумите навремено ќе добијат од Секторот за односи со јавноста на Владата на Република Македонија.
Учеството на Република Македонија на Самитот во Трст е од исклучително значење во насока на подобрување на регионалната соработка и зајакнување на односите со Европската унија како основни елементи за стабилност и просперитет на целиот регион.