Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со амбасадорот на Република Полска Н.Е. Јацек Мултановски.
Амбасадорот Мултановски му го честита изборот на министерот Спасовски и му посака успешна работа. Тој ja потенцира одличната соработка меѓу двете земји и решеноста на Република Полска максимално да и помогне на Република Македонија на патот кон НАТО и Европската унија. Амбасадорот Мултановски изрази интерес за најавените реформи во МВР и приоритетите во наредниот период.
Министерот Спасовски се заблагодари на честитките и досегашната соработка со Република Полска и ја потенцира решеноста за спроведување на реформи во македонската полиција, за таа да се департизира и декриминализира и да биде вистински сервис на граѓаните. Министерот Спасовски потенцира дека Министерството за внатрешни работи е во многу лоша финансиска состојба затоа што во минатото премногу средства се трошеле на непотребни работи, а полицајците неколку години работат без основните средства за работа. Министерот Спасовски потенцира дека веќе се преземени активности во сите сегменти и се работи на решавањето на проблемите.