Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со амбасадорот на Велика Британија Н.Е. Чарлс Гарет.
Амбасадорот Гарет му го честита изборот на министерот Спасовски и му посака успешна работа, а понуди и помош за реформите во Министерството за внатрешни работи.
Министерот Спасовски се заблагодари на честитките и досегашната соработка со Велика Британија и изрази уверување дека таа соработка ќе биде уште посодржајна. Тој ја потенцира решеноста за спроведување на реформи во македонската полиција, со крајна цел полицијата да се департизира и декриминализира и да биде вистински сервис на граѓаните. Според министерот Спасовски, принципите на законитост, одговорност и чесност мора да бидат основни принципи на секој вработен во МВР.