Ставен под контрола пожарот во струшко

Пожарот што избувна вчера на потегот помеѓу селата Делогожда и Поум во Струга е ставен под контрола. Според информациите од терен, пожарот е локализиран и не претставува опасност за животот и имотот на месното население. Од Противпожарната единица од Струга информираат дека до 14.20 часот пожарот бил гаснат со сите расположливи средства, а биле вклучени и авиони. Нивните екипи и понатаму ќе вршат опсервација на теренот.

Инаку, пожарот беше забележан вчера околу 16.10 часот од полициски службеници од ПС Струга, кои ги информирале сите надлежни институции. Во пожарот беше зафатена нискостеблеста, дабова и букова шума.