Комуналниот отпад ќе се подигнува во шест часот наутро

ЈП „Охридски Комуналец” Охрид ги известува граѓаните на територијата на општина Охрид дека почнувајќи од денес 01.07.2017 година комуналниот отпад ќе го подигнува со почеток во 06:00 часот.

„Граѓаните се должни комуналниот отпад да го изнесат до 06:00 часот во деновите определени за подигнување на сметот на местата одредени за таа цел.“– велат од претпријатието.