Македонската одбојкарска репрезентација забележа победа против домаќинот на Ф4 финалниот турнир од Европската лига – Данска.
Данска поведе со 2-0 во сетови, но нашите одбојкари не само што успеаа да изедначат, туку и го добија петтиот сет, за целосен пресврт на натпреварот и обеда од 2-3. Со тоа Македонија успеа да се пласира во финалето од годинешното издание на Европската лига.
Финалето се игра утре во 19:00 часот, каде Македонија ќе игра против Украина.
WebOhrid