Дестабилизацијата на времето ги избрка гостите од плажите

Ветерот, разбранетото езеро и слабиот дожд ги избрка туристите од охридските плажи. За момент се создаде метеж во сообраќајот од автомобили кои се упатуваа кон Охрид.

Утре ќе преовладува променливо облачно и свежо време со локален дожд, а ќе дува и ветер од северен правец. Температурите ќе опаднат и ќе се движат од 21 до 29 степени.

Од вторник, не очекува стабилизирање на времето со постепено покачување на температурите.

WebOhrid