Претставници на ВМРО-ДПМНЕ на средби со жителите од Пештани, Рача и Лескоец

Во рамки на партиската агенда на ВМРО ДПМНЕ предводена од високите партиски преставници Сашо Стефаноски и Виктор Мизо како и пратениците Др. Љубен Арнаудов и Лилјана Затуроска се одржаа средби со месното население од Пештани, Рача и Лескоец.

На ваквите непосредни средби со жителите беа разговарани и разгледувани повеќе актуелни тематики опфаќајќи ја моментална политичка состојба, потоа разгледување на потребните проекти во пресрет на локалните избори како и досегашните проектите кои се спроведени и реализирани.