Министерот во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, денеска во Женева, оствари средба со Амбасадор Вилијам Лејси Свинг, генерален директор на Меѓународната организација за миграција (International Organization for Migration).
Министерот Адеми го запозна Амбасадорот Свинг, со чекорите кои ќе бидат превземени, поврзани со дијаспората, и ја истакна потребата од заедничка соработка, имајќи го во предвид искуството на ИОМ со проекти поврзани токму со дијаспората .
На средбата министерот Адеми го запозна генералниот директор на ИОМ, Амбасадорот Свинг, со програмата и активностите на новата Влада на Република Македонија се заблагодари за досегашната соработка и поддршка на ИОМ за РМ, и ја изрази поддршката на Владата за активностите на MOM, на регионално и на глобално ниво.
Генералниот директор на ИОМ, Амбасадорот Свинг, ја поздрави одлуката, односите со дијаспората да ги подигне на повисоко ниво преку министер задолжен за дијаспора и изрази подготвеност да ја поддржи Владата во активностите на техничко и советодавно ниво.
Исто така беше разгледана можноста Република Македонија во 2018-та година да биде домаќин на Самит на министри за дијаспора.