Нов силен земјотрес во Охрид

Нов силен земјотрес го погоди Охрид денес во 13:18 часот. Повторно има штети кај становите од повисоките згради: напукнати ѕидови и плафони, паднати и испокршени предмети, вазни, саксии, оштетени фасади и тераси.

Граѓаните вознемирени излегоа на улица.

Епицентарот е повторно на истото место, околу 12 километри североисточно од Охрид.

Според официјалните податоци, интензитетот изнесуваше 5 степени според Рихтер, на длабочина од 10 километри.

По овој земјотрес следуваше серија послаби земјотреси.

WebOhrid