Спречен обид за шверц на стока од Македонија во Косово

Вчера околу 20,00 часот во близина на месноста викана Плажа, Долно Блаце, вршејќи патролна служба од страна на припадници на граничната полиција било забележано едно лице со натоварени два коња со криумчарена стока кој се движел во правец од Република Македонија кон Република Косово.

При обид на полициските службеници да го запрат, лицето ги оставило коњите и се дало во бегство во правец на Република Косово. Криумчарената стока била донесени во ПС за ГН Блаце и утврдено е дека се работи за разновиден текстил и медикаменти од кои: палта, панталони, кошули, вратоврски, потоа ампули кетонал, хигиа шампон, аминофилин ретард, трамадол, ефедрин капки за нос, синтром антикоагулант, ацикловир маст, флажил, халдол таблети, далерон, нутрикомп течност, како и еден апарат за сечење стакло за диоптрија и сталажи за изложување на накит. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот и идентификување на инволвираните лица.