Пронајдено безживотно машко тело во водите на Охридското Езеро

Безживотно машко тело, денеска во 12 часот и 50 минути е забележано и извадено од водите на Охридското езеро на плажата „ Машка плажа“ во Струга. Телото се наоѓало на дното на езерото, на околу три метри длабочина и на оддалеченост од околу четиристотини метри од езерскиот брег. Го пронашле и извлекле спасувачки екипи од Црвениот Крст Струга.

По извршениот увид на местото на настанот предводен од јавен обвинител и полициски екипи, констатирано е дека удавеното лице е Јетон А. (22) од гостиварското село Градец. Тој, околу 12 часот, во езерските води, заедно со уште едно лице, влегол со педалинка и се оддалечил од брегот а потоа скокнал од педалинката со цел да се капи и плива. Во следниот момент, започнал да бара помош а потоа почнал да тоне. На безживотното тело не се забележани траги на насилство.