Кривична пријава за охриѓани поради насилство

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.О.(23), В.Х.(23) и Д.П. (22), сите од Охрид за сторено кривично дело „насилство”. На 22.06.2017 година, околу 21,00 часот, во с.Лескоец, пред продавница, откако претходно пријавените побарале да купат алкохолен пијалок во маркетот и биле одбиени од вработената С.С.(30) истите почнале непристојно да се однесуваат. Во моментот во маркетот влегол сопругот на вработената, Н.С. (29) и побарал да престанат со навредите и да си заминат, на што пријавените физички ги нападнале двајцата, О.М. од неговото патничко возило извадил метална лопата со која го удрил Н.С. во пределот на десната рака и главата, како и С.Б.(57) кој се обидел да го спречи нападот.