НК КР Струга поднесе кривична пријава против И.А.(25) од с.Велешта, за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службени дејствија“.
На 24.06.2017 година, во 14,20 часот на крстосницата со улиците „Партизански Бригади“, „15-ти Корпус“ и „М.Тито“, при вршење службени задачи и превземање мерки од безбедноста на патниот сообраќај, од страна на двајца полициски службеници, било констатирано погрешно свртување, за што сопреле патничко моторно возило“БМВ“, од кое излегол пријавениот и почнал да ги навредува, а потоа и физички ги нападнал полициските службеници.