Во организација на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид, утревечер, со почеток 20:30 часот на сцената на Долни Сарај свечено ќе биде отворено 56-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри 2017.
Свеченото отворање на фестивалот веќе години наназад е резервирано за настап на Националниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“. Влезот е слободен.
ПРОГРАМА 2017
6 ЈУЛИ (Четврток)
СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА 56- ти БАЛКАНСКИ ФЕСТИВАЛ СО ПРОГРАМА НА АНСАМБЛОТ ЗА НАРОДНИ ИГРИ И ПЕСНИ НА МАКЕДОНИЈА “ТАНЕЦ”
7 ЈУЛИ (Петок)
-Ансамбл од Поградец, Албанија
-КУД “Разиграна Македонка” од Квинбијан, Австралија
-Асоцијација на жени играорки “Орма Пелас” од Воден, Грција
8 ЈУЛИ (Сабота)
-Ансамбл “Традиција” од Трстеник, Србија
-Ансамбл “Пирамида” од Охрид, Македонија
9 ЈУЛИ (Недела) СВЕЧЕНО ЗАТВОРАЊЕ НА БАЛКАНСКИОТ ФЕСТИВАЛ
-Ансамбл “Отекс” од Охрид, Македонија
-Ансамбл од Бугарија