Охрид украсен како од бајките

Охриѓани и посетителите на Охрид за претстојните Новогодишни и Божиќни празници можат да уживаат во празничниот амбиент. Бројни новогодишни реквизити го красат централното градско подрачје и периферните делови на градот.

Годинава за прв пат украсувањето на чаршијата покрај со зеленило е дополнето со ѕвездено небо кое блесна по целата нејзина должина од градскиот плоштад до чинарот.

Новина годинава е и украсувањето на Светилникот на охридското пристаниште, а на плоштадот „Св. Климент Охридски“ покрај останатите светлечки реквизити има и детски тунел.

Годинава за новогодишното украсување на Охрид покрај службите од општината ангажирана беше и фирмата „Метал Ват “ од Скопје којашто беше избрана за најдобар понудувач по претходно распишан оглас на локалната самоуправа.

Инаку, од вчера, на градскиот плоштад, започна дванасетдневната новогодишна програма, што ја организира општина Охрид.