Кривична пријава за велгоштанец поради загрозување на сигурноста

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.П.(45) од охридското село Велгошти.

На седми минатиот месец во 18 часот и 30 минути, пријавената на својот поранешен сопруг М.Д.(46) не му дозволила влез во куќата сопственост на неговиот татко. На тој начин, пријавената, кај М.Д. предизвикала чувство на страв, несигурност и вознемиреност, по што тој веднаш побарал лекарска помош на нервното одделение во ЈЗУ Општа болница.