После повеќегодишно континуирано обраќање, со граѓански претставки, граѓански иницијативи, барања, апели, обраќања, повици до надлежните институции и субјекти, внатре и надвор од Македонија, за почитување на правото и на волјата на македонските граѓани за заштита и одбрана на македонскиот народ и на македонската држава од разнебитување и уништување и против водењето и реализирањето на непринципиелните политики, договори и донесувањето одлуки на штета на македонскиот народ и на македонската држава, ништо од сето тоа не вроди со плод, ниту можеше да допре до граѓаните, зашто бевме опструирани од медиумите.
Поради тоа, го повикуваме македонскиот народ, македонските носители и бранители на државниот суверенитет, да го изразат својот ПРАВЕДЕН ГРАЃАНСКИ РЕВОЛТ, НЕСОГЛАСУВАЊЕТО СО НЕПРИНЦИПИЕЛНИТЕ ПОЛИТИКИ И ПЛАНОТ ЗА РАЗНЕБИТУВАЊЕ И УНИШТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА, со предупредувачки мирен граѓански протест, УТРЕ, 09.07.2017 г. (недела), од плоштадот “Св. Климент Охридски” во Охрид, од 11,00 – 12,00 часот.
Протестот беше најавен да почне со блокирање на патот, Охрид – Св. Наум, Св.Наум – Охрид (кај Билјанини извори), но после два дена договарања, преговарања, со надлежните во Полициската станица – Охрид, откако нѐ повикаа на разговор, во врска со добиеното Известување од нас, како организатори на Протестот, за да нѐ предупредат дека не е дозволена блокада на пат кој поврзува две држави и за кој нема друг алтернативен пат, особено во екот на туристичката сезона, кога би можело да има реакции од страна на граѓаните и туристите и на таков начин да биде нарушен и јавниот ред и мир и да биде прекинат протестот, се договоривме протестот да го започнеме од плоштадот “Св. Климент Охридски” во Охрид, исто така со можност да се прошири и на други места и истовремено и преку медиумите да се обавува протестот со упатените барања од граѓаните – носители и бранители на државниот суверенитет и предупредувањето до власта. Со тоа што, доколку не се прифатат барањата од граѓаните-носители и бранители на државниот суверенитет, Протестот ќе се интензивира и ќе продолжи со блокада на патот Охрид- Св.Наум , Св. Наум-Охрид, за што и граѓаните и надлежните во полициската станица – Охрид, ќе бидат благовремено известени за почнувањето на блокадата на патот.
Организатор на протестите/протестот е Здружението на граѓани Граѓанска иницијатива за здраво, достоинствен и возвишено живеење “ПРЕРОДБА” и Движењето за граѓанско –цивилизациски вредности, граѓанско движење Единствениот пат – движење на македонските носители и бранители на државниот суверенитет , а истиот е поддржан од Граѓанска влада на Република Македонија и Здружението на граѓани за праведно судење и примена на законот ЗАПРИ.
Во текот на наредните денови ќе бидеме во непосредна комуникација со граѓаните, овозможувајќи им да се запознаат со граѓанската иницијатива Единствениот пат – движење на македонските носители и бранители на државниот суверенитет, да пристапат кон истата и како носители и бранители на државниот суверенитет да го дадат својот потпис за сочувување на македонскиот народ и македонската држава од разнебитување и уништување. На тој начин, давајќи го својот автентичен граѓански прилог во процесите на автентична демократизација и реформи на општеството и државата, поддржувајќи ги оние граѓански опции и политики кои ќе ги остварат автентичните граѓански, културни, економски, национални и државни интереси, низ призмата на високите цивилизациски и хуманистички вредности и истовремено кои нема да бидат на штета на македонскиот народ и на македонската држава, на граѓанските, националните и на државните интереси.
Во прилог е листингот со граѓански претставки, граѓански иницијативи, барања, апели, обраќања, повици, за да ги имаат новинарите на увид и да им послужат за потребното и соодветно информирање на граѓаните и на јавноста ( и да ни се обратат доколку сакаат истите да им ги доставиме), за причините што, ние-граѓаните носители и бранители на државниот суверенитет се одлучивме на овој демократски, радикален чекор, ако продолжи и со блокирање на патот, а пред сѐ и поради тоа што, најнапред владата нема разбирање за сопствениот народ и граѓаните, за нивните длабоки, неприкосновени чувства, потреби, и интереси за заштита и зачувување на сопствениот идентитет и интегритет и својот опстој.
Со оглед на тоа дека се работи за мирољубив граѓански цивилизиран собир и протест против наметнатите непринципиелни, узурпаторски, диктаторски и геноцидни политики спрема македонскиот народ и македонската држава, апелираме до граѓаните своето граѓанско и цивилизациско право да го изразат достоинствено, цивилизациски и секој граѓанин учесник во овие мирни, цивилизирани протести, кои се од негово и во негово име, да биде совесен, одговорен за себе и за другите и да го запазува и да не го нарушува јавниот мир и ред.
Од организаторите
Здружение на граѓани “Преродба”
Претседател Ана Бобинкова Мијаковска
Движење за граѓанско-цивилизациски вредности
Единствениот пат – Движење на македонските носители и бранители на државниот суверенитет
*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.