МВР: Отсеците за управни работи ќе работат во две смени

Министерството за внатрешни работи Ве известува дека започнувајќи од денес 10.07.2017 година заклучно со 31.08.2017 година Отсеците за управни работи Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица, Тетово и Штип ќе работат во две смени од 08.30 до 20.00 часот.

„Воедно Ве известуваме дека поради зголемен обем на работа, а со цел да се излезе во пресрет на граѓаните при поднесените барања за издавање на Меѓународни возачки дозволи податокот за проверка на прекршочна санкција “забрана за управување на моторно возило“ во возачката дозвола на барателот ќе може да се обезбеди покрај во подрачните единици на Одделот за граѓански работи, и во Овластените правни лица за вршење на технички преглед каде што има упатено работник од министерството.“ – информираат од МВР.