Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Г.М.(56) од Струга, управител на цедент ТДТК „Извор“ ДОО с.Извор Кичево, Н.М.(40) од с.Мислешево, ДИИ „Слома инвестор“ ДООЕЛ с.Мороишта Струга и С.М.(50) од Струга, управител во ДПТ „Кимитекс трговија“ Струга за сторени повеќе последователни кривични дела “фалсификување службена исправа“, а во врска со кривичното дело – “соизвршителство“.
Во периодот од мај 2014 до мај 2016 година, во повеќе наврати, Г.М. иако знаел дека правното лице ТДТК „Извор“ ДОО од 15.08.2013 година станало неспособно за плаќање, изготвил повеќе договори за отстапување на своите барања-Цесија, без деловоден број, со кој побарувањата од цесусот ДГТТ„Трансмет“ДОО Скопје во износ од 865.678,оо денари ги отстапил во корист на цесионерот ДПТ„Кимитекс трговија ДООЕЛ Струга, во кој откако внесол невистинити податоци за лажно побарување од невоспоставена деловна техничка соработка со ДПТ „Кимитекс трговија“ ДООЕЛ Струга, истиот своерачно го потпишал и заверил со службен печат, по што го доставил до С.М. која во својство на управител на цесионерот своерачно го потпишала и го заверила со службен печат иако знаела дека внесените податоци во договорот се невистинити. На истиот начин, Г.М. изготвил повеќе договори за отстапување на своите побарувања-Цесија, со кој побарувањата од цесусот ДГТТ„Трансмет“ДОО Скопје во износ од 109.069.оо денари ги отстапил во корист на цесионерот ДИИ „Слома инвестор“ ДООЕЛ с.Мороишта Струга, го доставил до Н.М., кој во својство на управител на цесионерот своерачно го потпишал и го заверил со службен печат иако знаел дека внесените податоци во предметниот договор се невистинити.