Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска имаше средба со амбасадорот на Република Косово, Иљбер Иса.
На средбата се разговараше за досегашната соработка помеѓу двете држави, како и за можноста за продлабочување и продолжување на успешните билатерални односи.
Премиерот Заев, порача дека очекува скоро формирање на новата влада на Косово за да продолжи успешната приказна во соработката меѓу двете влади.
„Исклучително важно е да се подобри соработката со соседите, бидејки соседите треба да се поддржуваат, затоа што на меѓународен план победуваат оние кои се поддржуваат“ – истакна премиерот Заев на средбата.
Еден од позначајните проекти кои дополнително ќе ја засили соработката помеѓу Македонија и Косово е изградбата на автопатот Скопје – Блаце, како и новиот граничен премин помеѓу Македонија и Косово, Белановце – Станчиќ, кој се очекува да биде отворен кон крајот на летото или почетокот на есента