Во рамки на летниот детски камп кој се одржува во хотел Десарет, Охрид од 10-16.07, се вклучи и компанијата Бимилк како голем поддржувач и верен пријател на децата. Со цел да овозможи летување и дружење и за децата од најранливите општествени категории, компанијата обезбеди присуство и за неколку деца од СОС Детското село, но ќе даде значен придонес и во едукативните содржини предвидени во кампот.
Летниот камп е во организација на Асоцијацијата на спортови СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ, а учеството на Бимилк е со цел уште еднаш да ја потенцира својата долгогодишна традиција и заложба да обезбеди квалитетен живот за сите, постојано изнаоѓајќи нови начини како да им помогне на децата.
„Овој камп навистина нуди богати спортско-едукативни содржини, но истовремено и ги руши баериерите помеѓу младите преку зближување на нациите и учење на човековите вредности, како што се разбирањето, толеранцијата и одговорноста, и тоа преку спортските дисциплини. Имајќи го тоа на ум, во кампот ги вклучивме и нашите долгогодишни пријатели од СОС Детското село, на кои покрај обезбедувањето на секојдневните потреби од млеко преку целата година, ова лето за неколку дечиња овозможивме и квалитетно време поминато во дружење, учење и спортување“, рече Полексена Јанкуловска, маркетинг менаџер во Бимилк.
Децата од СОС Детското село ќе имаат прилика да се дружат со преку 150 деца од Македонија, Србија и Бугарија и истовремено да учествуваат во голем број спортско-едукативни работилници од областа на водените спортови, но и други спортови кои не се дел од редовните училишни програми.
Бимилк останува во Десарет сите 7 дена како поддршка на децата, а ќе земе учество и во други едукативни активности кои се предвидени во рамките на кампот, организирајќи работилница на тема „Биди дете“ со Моја Кравица чоколадно млеко.