Заменик министерот за труд и социјална политика Доц. д-р Elmi Aziri, оствари работна средба со претставници на УНИЦЕФ во Македонија, во рамките на редовната соработка. Двете претставнички на УНИЦЕФ за Македонија, г-ѓа Вера Митковска и г-ѓа Андријана Мицевска на оваа средба изразија заинтересираност за помагање на процесот на предучилишно образование на деца и дневни центри за деца.
Заменик министерот Азири на оваа средба укажал на дискриминацијата направена од страна на претходната влада во населбите претежно со албанско население, осврнувајќи се на конкретните бројки добиени од бројот на децата во соодветните општини и на овој начин нагласувајќи ја потребата за нови центри.
Овој состанок беше многу конструктивен, во духот на взаемната соработка.