На 12.07.2017 година околу 14:50 часот на некатегоризиран пат од манастирот „Св.Петар“ кон с.Брежани-Дебрца (Охрид), М.Ј.(58) од с.Велмеј-Дебрца, управувајќи трактор со истиот се превртел и починал на лице место. Смртта била констатирана од страна на доктор од екипата за Итна медицинска помош.
Увид на лице местото извршила екипа од СВР-Охрид и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.