Ќе се интензивира соработката на македонската и Агенцијата за безбедност на храна од БиХ

Интензивирање на започнатата билатерална соработка на плето на безбедноста на храната и здравствената заштитита на животните и размена на искуства и работа на реализација на регионалните преиоритети во оваа област, договорија на вчерашниот состанок директорот Зоран Атанасов и заменик директорот на Агенцијата за безбедноста на храна на Босна и Херцеговина Драган Брењо.

На состанокт акцент беше ставен на размената на информации за безбедноста на храната и трговијата меѓу Република Македонија и Босна и Херцеговоина и за интензивирање на економска соработка меѓу двете земји.

Покрај за соработката во безбеноста на храната, на состанокот стана збор и за соработката на полето на здравствената заштита на животните, тема што како исклучително важна од аспект на регионалната соработка беше минатата година, кога во повеќе земји од регионот се појави болеста Чвореста кожа и кога беа координирани и преземени повеќе мерки за нејзино сузбивање и спречување на ширењето.