Со церемонија за пречек на првиот лет од Малта што на скопскиот аеродром Александар Велики пристигна утрово во 10 часот и 10 минути, ТАВ Македонија го прослави воведувањето 3 нови дестинации – Малта, Рим и Ваксјо, како и одлуката на авиокомпанијата да инвестира во поставување на 4-от воздухоплов во нејзината база во Скопје
ТАВ Македонија, компанијата што управува со скопскиот аеродром Александар Велики и Виз ер, најголемата ниско-буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа и водечка авиокомпанија во Македонија, денеска го прославија поставувањето на четвртиот воздухоплов на авиокомпанијата во базата во Скопје, како и воведувањето на трите долгоочекувани авиолинии до Рим, Малта и Ваксјо (Шведска).
„Виз ер, авиокомпанијата која е број еден во Македонија, продолжува со својот пораст овозможувајќи им на нашите клиенти да патуваат низ Европа и подалеку по најниски цени. Нашиот четврт воздухоплов на скопскиот аеродром ќе создаде голем број дополнителни работни места, а новите дестинации кои се додаваат на мрежата на рути, значат уште поголем избор за патниците на Виз ер од 27-те популарни авиолинии од Скопје до 13 држави. Нашиот фантастичен екипаж ќе се погрижи за одлично патувачко искуство на секој патник што ќе се најде на летовите на една од најмладите авиофлоти во Европа“, изјави Сорина Рац, Менаџер за Корпоративни комуникации во Виз ер.
На новите рути од Скопје до Малта, Рим и Ваксјо, ќе се лета со модерниот Ербас А320 со 180 седишта. Патниците кои ги планираат своите одмори или викенди на една од овие возбудливи дестинации, можат да ги резервираат авионските билети на wizzair.com со цени почнувајќи од само МКД 1119.99*.
Постојаната експанзија на Виз ер во Македонија ја истакнува заложбата на авиокомпанијата кон своите клиенти во Македонија што почна уште со првиот лет од Скопје до Лондон-Лутон во 2011 година. Новиот воздухоплов што се поставува денес во базата на Виз ер во Скопје носи вкупна инвестиција во Македонија од 396 милиони долари** како и 139 вработувања.
„Би сакал да ја изразам нашата благодарност за одлуката на Виз ер да го постави својот четврт авион во базата на скопскиот аеродром Александар Велики, што претставува значајна одлука бидејќи се работи за голема инвестиција, а тоа покажува дека воздухопловството во Македонија сѐ уште се развива и е стабилно. Со поставувањето на 4-от воздухоплов во базата во Скопје авиокомпанијата додава и три нови дестинации – Ваксјо (Шведска), Малта и Рим, а ги зголемува и фреквенциите на некои од веќе постојните авиолинии. ТАВ Македонија ќе продолжи да работи на отворање нови авиолинии, проширување на фреквенциите на веќе постојните рути, како и на носење нови авиокомпании на пазарот, за што сме во тесна соработка со Министерството за транспорт и врски и сите надлежни владини институции“, изјави Алпер Ерсој, Генерален директор на ТАВ Македонија.
Масовната експанзија на Виз ер во базата во Скопје носи пораст од 17% кон вкупниот годишен капацитет, вклучително и порастот на фреквенциите на некои од најпопуларните линии до: Ајндховен, Брисел (Шарлероа), Меминген (Минхен Запад), Копенхаген, Гетеборг (Ландветер) и Братислава. Во исто време, Виз ер ќе овозможи конекции на дневна основа од Скопје до популарните дестинации како што се Малме и Милхаус. Проширената ниско-буџетна мрежа на Виз ер во Македонија и понатаму ќе ја поттикнува туристичката и угостителската индустрија, притоа зајакнувајќи ги бизнис-односите меѓу земјите.
Од почетокот на 2017 година, преку половина милион патници патувале на авиолиниите на Виз од Скопје, што претставува пораст од 12% споредено со истиот период минатата година, а што во исто време поддржува 375 работни места*** во сродните индустрии од оваа област на работење. Локалниот екипаж на Виз ер, обучен по највисоки стандарди, им посакува добредојде на патниците на летовите како една од најмладите флоти во Европа, обезбедувајќи одлично искуство на клиентите на секој лет на секоја од 27-те дестинации достапни од Скопје.
Веќе водечката авиокомпанија во Македонија, Виз ер продолжува со ниските цени за клиентите, како и создавање нови можности за желните патници. Во 2017 година, преку 1,3 милиони Виз ер седишта се на продажба на 29 авиолинии до 13 држави, од двата македонски аеродрома: во Скопје и во Охрид, што е 18% зголемување на годишно ниво.
ТАВ Македонија во првите шест месеци од 2017 година забележа 6% пораст на бројот на патници, споредено со истиот период минатата година, или на двата македонски аееродроми, скопскиот Александар Велики и охридскиот Св. Апостол Павле, од јануари до јуни поминале вкупно 860.130 патници. Со новите дестинации на Виз ер, како и другите авиокомпании кои ќе се отворат, и зголемувањето на фрекфенциите на постојните рути, од ТАВ Македонија очекуваат повисока стапка на пораст на сообраќајот во втората половина од оваа година.
НАЈНОВИ ЛИНИИ НА ВИЗ ЕР ОД СКОПЈЕ
Дестинација Денови Почеток Цени од*
Малта Понеделник, петок 14 јули 2017 МКД 1,799
Рим Чампино Понеделник, петок 14 јули 2017 МКД 1,199
Ваксјо Четврток, недела 16 јули 2017 МКД 1,199
ЗГОЛЕМЕНИ ФРЕКВЕНЦИИ НА ВИЗ ЕР ОД СКОПЈЕ
Дестинација Фреквенции на летови во една недела
Ајндховен 3, наместо 2
Брисел Шарлероа 3, наместо 2
Гетеборг Ландветер 4, наместо 3
Меминген (Минхен Запад) 3, наместо 2
Малме Секој ден, наместо 5 лета неделно
Базел – Милхаус-Фрајбург Секој ден, наместо 5 лета неделно
Копенхаген 3, наместо 2 (до 17 септември)
Братислава 4, наместо 2 (од 18 септември)
ЗГОЛЕМЕНИ ФРЕКВЕНЦИИ НА ВИЗ ЕР ОД ОХРИД
Дестинација Фреквенции на летови во една недела
Базел – Милхаус-Фрајбург 4, наместо 3