50 години од интронизацијата на првиот Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Доситеј

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 19 Јули 2017 година (Среда), кога православната црква го слави споменот на св.Сисој Велики, МПЦ-ОА го слави јубилејот 50 години од интронизацијата на првиот Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Доситеј на возобновената Охридска Архиепископија во лицето на МПЦ – ОА. По повод овој јубилеј, во црквата „Св. Богородица Перивлепта“ – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, со почеток во 8.45 часот.

Со литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите верници на заедничко молитвено прославување.