Караванот Мобилен OneStop Кариерен Центар на Фондацијата Голдилокс Стејт доаѓа во Охрид и Струга

Фондацијата Голдилокс Стејт го имплементира проектот „Мобилен OneStop Кариерен  Центар“ во 26 општини во Република Македонија со цел да ги зголеми капацитетите на  младите и жените и да им помогне да развијат вештини за вработување и самовработување и да придонесе за зголемување на економскиот и бизнис развојот во сите 8 плански региони во земјата.

Проектот ќе им помогне на учесниците да стекнат подлабоко познавање на трендовите и пазарните динамики во различни индустрии, постоечки или со потенцијал за развивање во нивните средини, како и кои се вештините што се потребни за успех и од аспект на  потенцијален вработен, но и од аспект на потенцијален сопственик на бизнис во соодветната област. Тие ќе научат како да ги употребат нивните актуелни вештини и како да ги унапредат и ќе бидат мотивирани да преземат конкретни чекори за започнување или унапредување на нивните кариери.

На 21ви Јули во Охрид ќе се одржи следниот настан во Центарот за култура „Григор Прличев” со почеток во 16:00 часот. Говорник на настанот ќе биде извршниот директор на Метропол Хотелите, Филип Мишевски, а учесниците ќе имаат можност да добијат бесплатна стручна помош од сертифициран кариерен советник.

Пријавете се за бесплатно учество на следниот линк: http://bit.ly/OneStopCareerCenter Следете го караванот на Мобилниот OneStop Кариерен Центар на Facebook и очекувајте го наскоро во вашиот град.

Овој проект ќе се реализира со средства на Фондацијата Голдилокс и Амбасадата на САД во Македонија, во соработка со ЊуМенс Бизнис Акцелераторот.