Градоначалникот Бакрачески се сретна со италијанскиот амбасадор

Денес во протоколарна посета на Општина Охрид, градоначалникот Никола Бакрачески го прими италијанскиот амбасадор, Карло Ромео. Градоначалникот Бакрачески го запозна високиот гостин со актуелната ситуација со Општина Охрид и активностите на градската власт. Амбасадорот Ромео ја истакна подготвеноста на Италијанската амбасада да учествува во поддршката на културните манифестации и промоција на Охрид, како и поттикнување на културната соработка помеѓу Македонија и Италија. На средбата Бакрачески ја посочи одличната соработка со италијанскиот град Исео, во заедничкиот проект на градови со езера, при што амбасадорот Ромео истакна дека италијанската амбасада несебично ќе го помогне концертот што идната година ќе се одржи во Охрид.