Денес, сме сведоци дека има стипендии наменети за припадниците на етничката заедница Роми, и ние го поздравуваме тој чекор. Но, имајки го во предвид фактот, дека припадниците на етничкиот кампус на Египќаните, имаат изразени социјални проблеми, огромна бројка на невработеност, од една страна, а од друга страна има изразита желба да се заврши високо образование, и на тој начин да се форсира процесот на интеграција на ова ранлива етничка заедница, апелираме Владата на Р.Македонија да обезбеди минимум 20 стипендии за студенти Египќани, и на тој начин да ја потврди својата определба на едно општество еднакво за сите. Овој, апел го испракаме најдобронамерно, бидејки имаме примери, кога Египќани се декларирааткако припадници на други етникуми, а се со цел да остварат некое право. Тој, процес води кон „тивка асимилација“ и на некој нареден попис на населението немаме да имаме објективни бројки. Тоа, не е во интерес на државата, негува надежи во насока на подршка и толеранција кон Египќаните, кои се голем фактор на социјален ризик, особено во делот на елементарната егзистенција, бидејки во краен случај, Египканите се лојален етникум, мирољубиви,трудољубиви грагани коисе борат за гола егзистенција,и во таа насока треба да ги подржиме, како како пријателски така и од морални ичовечки причини.
Со почит, Демир Далип
*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.