Утре, 20 јули на Скејт паркот во Охрид судиото за танци кое работи во рамки на Младинскиот култрно образовен центар Соната”, во соработка со скопскиот танцов клуб Beatrix, а со поддршка на мобилниот оператор Вип, ќе организира бесплатна работилница за хип-хоп наменета за сите кои што сакаат да се забавуваат. Не е потребно искуство, само желба за добра забава и танцување.
Заинтересираните се пријавуваат на местото на настанот, а во рамките на истиот ќе се одржи hip-hop battle во кој ќе учествуваат членовите на Beatrix и Соната. Hip-hop battle е натпревар во кој што двајца танчери, еден против друг танцуваат во слободен стил на музика која однапред не име позната.
Настанот почнува во 19:00 часот и е поддржан од Општина Охрид.