Отслужена света архиерејска литургија за празникот Преподобен Сисој Велики

Денес, на празникот на Преподобен Сисој Велики, како и по повод големиот Јубилеј 50 години од одржувањето на Третиот Црковно-народен собор, на кој е донесена одлуката за прогласување автокефалност на Македонската православна црква, во храмот „Пресвета Богородица Перивлепта“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија.

Со литургијата која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Никола Христоски, свештениците Димче Азески, владо Недески, Љупчо Бакрачески и Роберт Илијевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески.

По завршувањето на Литургијата, беше отслужена Панихида за сите упокоени учесници на Третиот Црковно-народен собор, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа.