Информација од Здружението на пчелари

Центар за јавно здравје Охрид го издава следното соопштение:

Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека во деновите 21.07.2017 год.(петок ) и 22.07.2017 год. (сабота) екипите на Центар за јавно здравје Охрид Ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 22 до 06 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување.

Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потек од с. Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потек на река Грашница, Коселска Река.

Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центар за јавно здравје Охрид е 231 881 230 231.