Се чистеше дел од магистралниот пат кон Св. Наум

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец” денес спроведоа акција за расчистување на делот од магистралниот пат кој води до „Св. Наум” и делот кој води према плажата „Амброзија”.

„Се косеше тревата покрај патот и се сечеа надвиснатите гранки и трња. После тоа се чистеа, косеа и уредуваа тротоарите од Рача се до над Хидробиолошкиот завод.“- информираат од претпријатието.