Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „семејно насилство“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицето Т.С. (43) од Охрид.
Пријавениот, казненото дело го сторил на 13-ти минатиот месец околу 03 часот минути во семејниот дом во Охрид. Тој, ја разбудил неговата мајка и со нож во рака, започнал да ја навредува упатувајќи и сериозни закани по нејзиниот живот. Во еден момент, Т.С. и го ставил ножот под вратот и продолжил со навредите и заканите кон својот родител со што предизвикал силно чувство на страв, вознемиреност и несигурност кај оштетената.